Стоилковиќ: Меѓуетничките односи се стабилни
Меѓуетничките односи во моментов во државата се стабилни, постои стабилно парламентарно мнозинство и од тој аспект ситуацијата е сосема нормална, а кога е таква постои простор државата да се занимава со она што е навјажно за граѓаните, а тоа е економијата, изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, одговарајќи на новинарско прашање да даде оценка за меѓуетничките односи во рамки на панел-дискусијата „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“.
Тој уште нагласи и дека она што може да се види на политичката сцена од одредени партии изминатиот период е во функција на кампања за престојните локални избори.
- Кога прашувате за меѓуетничките односи одговорот е многу едноставен, тие се во функција на кампањата за локалните избори, тука ништо ново не кажувам, штом се доближуваат какви било избори, сите играат на карти кои се надвор од границите на некакво нормално однесување, кое, пак се применува кога не станува збор за изборен период. Меѓуетничките односи во овој момент во државата се стабилни, постои стабилно парламентарно мнозинство и од тој аспект ситуацијата е сосема нормална, а кога е нормална тогаш државата има простор да се занимава со она што е важно за граѓаните, а тоа е економијата и тоа еден од клучните придонеси со доаѓањето на оваа Влада, истакна Стоилковиќ.
За тоа дали во државата постои антиалбанско однесување тој истакна дека такво нешто нема забележано, но додаде дека постои криминализација на дел од луѓето и од тој дел на власта во минатото.
- И сега тие се обидуваат со различни шпекулации да ја амортизираат дел од неказнивоста, која важеше во минатото. Станува збор за криминализација на дел од поранешната владејачка структура, која себе се претставува како единствен претставник на една национална заедница во Македонија, рече Стоилковиќ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги