-->
-->
Сто илјади денари украдени од пошта во Бутел
-->
Две маскирани лица извршиле разбојништво во објект на „Македонски пошти“ на улицата „Тале Христов“ во скопската општина Бутел и притоа одзеле 100.000 денари, соопшти денеска полицијата.
Според соопштението, вчера околу 13:40 часот, било пријавено дека во објектот на „Македонски Пошти“ лоциран на ул. „Т.Христов“, две непознати маскирани лица, со закана со пиштол, извршиле разбојништво, при што од вработените одзеле околу 100.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Овој објект на „Македонски пошти“ беше ограбен исто така во февруари годинава, кога разбојник со нож под принува од вработените одзеде 80.000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани