Стевановиќ: За 20 до 30 отсто е намалена дневната фрекфенција на амбулантски прегледи
Директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ вечерва истакна дека тоа што дава надеж и се совпаѓа со бројките што ги објавува Институтот за јавно здравје е дневната фреквенција на амбулантски прегледи која што за 20 до 30 проценти е намалена од претходната недела.
– Она што покажува на лесно намалување на бројките е фактот што скоро за 17 проценти е намален бројот на новооткриени пациенти со Ковид-19 во изминатата недела. Исто и денешните бројките зборуваат за намалување на процентот на позитивни во однос на тестираните за 25 посто. Тоа е нешто што вистина влева надеж. Од клинички гледан аспект не може да зборуваме дека бројките на клиниката се намалени, затоа што капацитети уште се скоро исполнети, изјави Стевановиќ во гостување на ТВ Телма.
Таа воедно истакна дека бројот на тестирања за изминатата недела бележи мал тренд на намалување на помалку од два проценти.
Исто така директорката Стевановиќ, посочи дека и бројот на прегледени пациенти бележи сериозно намалување.
Ново на Сител
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми
-
Преглед на вестите од светот