Стартува дневната евтина тарифа на струјата
Евтина дневна тарифа на струјата од денеска ќе користат само 170 илјади домаќинства кои имаат броила со далечинско отчитување. Останатите 650 илјади домаќинства со стари броила ќе чекаат екипите на ЕВН да им дојдат дома и рачно да ги сменат струјомерите.
По воведувањето на блок-тарифите, броилата имаат четири позиции во кои се регистрира скапата тарифа, а сега треба дополнително да се воведе и евтина тарифа. Од ЕВН Хоум кажаа дека оние кои имаат евтина дневна струја, на броилото треба да имаат ознака Т2.
Премиерот апелира екипите на ЕВН во најбрз можен рок да ги сетира сите струјомери.
Во меѓувреме се уште е неизвесно дали граѓаните ќе плаќаат поскапа струја. На тенедерот на ЕВН Хоме, ЕСМ понуди за 7,5% повисока цена, но и само 95% од вкупно побараните количини.
За покривање на останатите 5% ЕВН не прифати ниту една од понудите.
Иако пресметките не готови, Ковачевски не очекува поскапување за најголем дел од потрошувачите.
Во овој момент се познати само два од потребните пет параметри во формирањето на крајната цена, велат од регуларната комисија за енергетика.
„Во крајната цена на електричната енергија влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме (цена + количина), тарифата на операторот на електропреносниот систем МЕПСО, тарифата на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО, како и тарифата на операторот на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција (во кој што влегува и трошокот за набавкана лектрична енергија за покривање на загуби во електродистрибутивен систем)".
Отсега математиката ќе ја прави универзалниот снабдувач, а крајната цена ќе треба да биде аминувана од РКЕ.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар