ССМ бара итно зголемување на платите во приватниот сектор
Приватниците итно да ги зголемат платите, бара Сојузот на Синдикати на Македонија. Оттаму велат дека приватниот сектор е двигател на економијата, па доколку сакаме економијата да расте, мора да се почитуваат и работниците.
- Повисоки плати не се 500 евра плата, 500 евра минимална плата која ќе се множи со коефициент на сложеност и со тоа ќе пораснат и останатите плати. Во овие трудоинтензивни дејности во приватниот сектор не треба да има плати помали од 50 и 60.000 денари, вели потпретседателот на ССМ Иван Пешевски.
За ССМ е парадоксално што работодавачите се жалат дека на пазарот на труд нема квалификуван кадар, но газдите не сакаат да им ги зголемат платите на работниците кои веќе ги имаат.
- Уште повеќе ќе недостасува кадар доколку не зголемите плата, вели Пешевски.
До ССМ пристигнати се илјадници поплаки од работници за неисплаќање на плати, непочитување на правото за исплата на К-15, но и за други прекршувања. Пешевски вели, ССМ стои на располагање на сите работници кои се жртви на газдите.
- Оние, народски кажано, г-6ки кои ги прават газдите, тоа не се ни работодавачи, и исплаќаат плата во плик или плата договорена усно со некој работник треба час поскоро да ги пријаваат тие неправилности и да се констатираат сите тие прекршувања на права од работен однос и незаконско исплаќање на плата и до Државниот инспекторат за труд, за што како ССМ стоиме располагање да поднесуваме кривични пријави, вели Пешевски.
На 1 мај традиционално ССМ ќе протестира. Освен јавните службеници Синдикатот ги повика и работниците од приватниот сектор да се приклучат на протестниот марш.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар