ССК продолжува со акцијата за помош на погодените од невремето
Сојузот на стопански комори (ССК) соопшти дека продолжува со акцијата за помош на граѓаните погодени од силното невреме. Во рамки на Комората е отворен посебен пункт каде граѓаните и компаниите можат да ги достават неопходните артикли кои во соработка со локалните власти се доставуваат во погодениот регион.
Согласно потребите на граѓаните погодени од невремето, најпотребни артикли се конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција,...
Компаниите својот придонес во помош за основни потреби и згрижување на граѓаните од местата погодени од невремето можат да ги достават во пунктот отворен во канцелариите на Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов Бр. 1 или преку контакт телефонот 02/3091440 од 09-17 часот. Дополнително, правните субјекти и граѓаните можат да се вклучат со обезбедување парична помош за лицата погодени од невремето на жиро сметките: ПроКредит Банка: 380-1305492021-24, Халк Банк: 270-0589952401-28,
Ново на Сител
-
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја