Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска имаше средба со специјалниот претставник на Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, за која информираше на социјалните мрежи.
– Имав продуктивен состанок со Келог. Добра дискусија, многу важни детали. Благодарен сум на САД за сета помош и двопартиска поддршка за Украина и украинскиот народ. Важно е за нас – и за целиот слободен свет – да се почувствува американската сила, напиша Зеленски.
Детално разговаравме за ситуацијата на фронтот, начинот на враќање на нашите воени заробеници и ефективни безбедносни гаранции. Од првата секунда на оваа војна, Украина бара мир. „Мораме и можеме да обезбедиме мирот да биде цврст и траен – за Русија никогаш да не може да се врати во војна“, нагласи Зеленски.
– Украина е подготвена за силен, ефективен договор за инвестиции и безбедност со претседателот на САД. Ние го предложивме најбрзиот и најконструктивен начин за постигнување резултати. Нашиот тим е подготвен да работи 24/7, додаде украинскиот претседател.
„Успехот не обединува сите. Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет. Му благодарам на генералот Келог на заедничката работа во постигнувањето важни резултати“, напиша тој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника