Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
Ако Унијата има амбиции да стане геополитички играч мора да ги направи непходните реформи и да се смени начинот на одлучување при процесот на пристапување. Европските лидери не се подготвени во скоро време да ги изгубат своите вето карти, сметаат аналитчарите.
Ваквиот став следува откако претседателот на Европскиот совет Кошта понуди да ги промени правилата на ЕУ и наместо со едногласна одлука како што е во моментов, започнувањето на преговорите да се овозможи со квалификувано мнозинство.
Идејата беше да се олесни пристапувањето на Украина и Молдавија.
Поради системот на едногласно одлучување Македонија досега можеби беше најголема жртва во преговорите, оценува поранешниот амбасадор Нано Ружин.
Обидот на Самитот во Копенхаген да постигне договор за укинување на потребата сите членки да дадат согласност за пристапување на нови земји во ЕУ, била жестоко нападната. Според пишувањата на Политико, предлогот на Кошта наишол на голем отпор од најголемите и најмоќните земји на ЕУ како Унгарија, Германија, Франција и Италија, кои и досега беа претпазливи во врска со проширувањето на Унијата.
Загриженоста меѓу овие земји е дека со промена на правилата за пристапување, тие исто така би ја ограничиле сопствената можност да ги блокираат кандидатурите за членство што ги сметаат за проблематични. На пример,Грците, на пример, да покажат дека можат да одржат разговори за членството на Турција, исто како што Бугарите сакаат да можат да повлечат граница за Македонија, а Хрватите да ја блокираат Србија.
Високи дипломати на ЕУ порачале дека ако се спроведе гласање со квалификувано мнозинство за да се поттикне процесот на пристапување напред, постои многу голем ризик процесот да биде екстремно политизиран.
На Самитот во Копенхаген е и македонската претседателка која порача дека потребна ни е политика како уметност на можното.
Според најавите на македонската влада по изборите и на стартот на следната година можни се придвижувања во односите со Бугарија, но детали дали постојат некакви разговори не се соопштува.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар