Преглед на вестите од светот
Владејачката проверопска Партија за акција и солидарност во Молдавија извојува убедлива победа над својот ривал, кој е наклонет кон Русија на изборите кои се сметаа за кртични за идниот пат на земјата кон ЕУ.
ПАС обезбеди 50,17% од гласовите, со преброени 99,9% од 1,6 милиони гласови, далеку пред прорускиот Патриотски блок со 24,18 проценти, соопшти централна изборна комисија на Молдавија. Партијата на претседателката Санду го одбрани своето мнозинството во парламентот со 101 место, што е голем поттик за оние Молдавци кои сакаат да се приклучат кон ЕУ и да се отцепат од орбитата на Москва.
- Молдавија одлучи да се приклучи на ЕУ и презема сериозни чекори кон ЕУ во период кога Русија е многу агресивна. Другите земји имаа повеќе среќа и го започнаа својот процес на интеграција во ЕУ кога Русија беше помалку агресивна и беше зафатена со своите внатрешни домашни прашања. И без разлика колку е тешко и без разлика колку е голем притисокот од Москва, ние ќе продолжиме затоа што веруваме во мирот. И ЕУ е мировен проект затоа што веруваме во слободата и демократијата и тоа е избор на молдавскиот народ, изјави Маја Санду, претседателка на Молдавија.
Игор Гросу, лидерот на победничката партија, рече дека тоа била „исклучително тешка битка“ и дека Русија фрлила „сè што имала“ на изборите.
- Им благодариме на сите оние што излегоа на гласачките места и одоговорија на нашиот повик да учестуваат на изборите. Ова е многу важна одлука за Република Молдавија. Видовме обиди за мешеање во изборниот процес од страна на криминални групи, поддржани од Руската Федерација, обиди за дестабилизација на ситуацијата, аларми за бомби и други провокации што ги видовме на територијата на Република Молдавија, како и во странство. Игор Гросу, лидер на ПАС.
Прорускиот Патриотиски блок, предводен од поранешниот претседател Игор Додон не ги признава резултатите и повика на протести пред парламентот денеска. ЕУ задоволна од исходот - Молдавија направи јасен избор за слобода, демократија и Европа.
- ЕУ со нетрпение очекува да соработува со новиот парламент и новата влада и ќе продолжиме да ја поддржуваме стратешката цел на Молдавија за пристапување во ЕУ, како што е зацврстено во уставот. ЕУ останува посветен и сигурен партнер за Молдавците и за Молдавија.
Кремљ кој негира вмешаност во изборите, ги обвини молдавските власти дека спречиле стотици илјади Молдавци што живеат во Русија да гласаат на парламентарните избори, обезбедувајќи само две гласачки места за гласачите во земјата. Молдавците што живеат во Русија, кои традиционално имаат поголема веројатност да гласаат за проруските политички сили дома, не можеа да гласаат вели Песков.
- Можеме да кажеме дека стотици илјади Молдавци беа лишени од можноста да гласаат во Руската Федерација, бидејќи за нив беа отворени само две гласачки места. Секако, тоа беше недоволно и не им овозможи на сите што сакаа да гласаат можност да го сторат тоа - изјави Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.
Влез во молдавскиот парламент парламент обезбедија и прорускиот сојуз Алтернатива и партијата Ностру. Неочекувано, влез во парламентот обезбеди и партијата Демократија дома. Одизвот на изборите беше околу 52 проценти, односно повисок од изборите во 2021 година, кога на изборите излегле 48 проценти од граѓаните со право на глас.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар