Средба на Пендаровски со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
Претседателот Стево Пендаровски го прими поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, се разговараше за актуелностите поврзани со решавањето на статусот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и надминувањето на црковниот спор.
Претседателот уште еднаш изрази честитки за признавањето на каноничноста на нашата црква од страна на Вселенската Патријаршија, со што се отвора просторот за градење на духовно единство со православниот свет и го оцени чинот како признание за нејзиниот историски континуитет со древната Охридска Архиепископија.
Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан го информираше претседателот Пендаровски за наредните чекори во процесот на целосно заокружување на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, за што и двајцата соговорници се согласија дека е од врвен национален интерес, стои во соопштението на Кабинетот на Пендаровски.
Ново на Сител
-
До крајов на неделава нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи
-
Потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор со Грција
-
Македонија не смее да биде жртва на изнудување на членство во ЕУ
-
Се скарале во сообраќај па извадил нож и го избодел, уапсен 61-годишен гостиварец
-
Струмичанец со нож нападнал полицајци кои му кажале дека ќе му го одземат возилото
-
Дедо (80) од Македонија ограбен во Белград, отишол на договорено запознавање со девојка
-
Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %
-
Сиљановска Давкова: Копенхагенските критериуми ќе не направат стандардна европска држава, ветото не е пријателски инструмент