Македонија
7. May 2025 - 14:22

Струмичанец со нож нападнал полицајци кои му кажале дека ќе му го одземат возилото

На 06.05.2025 во 21.30 часот на ул.„Крушевска Република“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.А.(41) од Струмица затоа што се обидел да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тој претходно бил забележан од полициски службеници како со голема брзина и небезбедно управува возило комбе „мерцедес“, а откако бил запрен било констатирано дека возилото го управува со истечена регистрација. Додека, по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,96 промили алкохол во крвта.

Откако бил известен дека ќе му биде одземено возилото, тој почнал да удира по возилото и од него извадил нож со кој се обидел да ги нападне полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.