Средба на началниците на ГШ на АРМ и на Вооружените сили на Австрија
Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Австрија, генерал Отмар Коменда, кој од вчера престојува во официјална посета на Македонија, денеска ќе се сретне со началаникот на Генералштабот на АРМ, генерал - потполковник Методија Величковски.
На средбата се очекува да стане збор за процесот на трансформација и структурата на АРМ, придонесот на АРМ во меѓународните мировни мисии, улогата на АРМ во справувањето со мигрантската криза и унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете армии во послето на силите за специјални операции.
Австрискиот началник на ГШ на Вооружените сили вчера се сретна со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а заедно со својот домаќин, началникот на ГШ на АРМ, ја посетија и македонско-грчката граница во реонот на караулата „Богородица“.
Ново на Сител
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома
-
Почна процесот на вработување на специјализанти