Средба Мицкоски-Брнз: Фер и демократски изборен процес клучен за иднината на државата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски денеска (1.14.2020) остварија средба со амбасадорката на САД во Република Македонија, Кејт Мари Брнз.
На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Македонија, стратешките определби и проблемите со кои се соочува државата и претстојните парламентарни избори.
Тој потенцираше дека САД е стратешки партнер на Република Македонија и се заблагодари за помошта која нашата држава ја добива од осамостојувањето до денес.
Мицкоски истакна дека членството во ЕУ ќе биде клучна стратешка определба на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека партијата има визија и план како да ја стави државата на брза патека за исполнување на оваа цел.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на соговорниците им посочи дека Република Македонија се соочува со сериозни проблеми на патот кон Европската Унија, а недостатокот на реформи и круцијални проблеми со криминалот и корупцијата се аргумент повеќе за противниците на проширувањето на Унијата. Тој напомена дека постои голем број на нерешени корупциски афери во кои дел се дел високи партиски и државни функционери на СДСМ.
Тој воедно и се заблагодари на амбасадорката Брнз за алатката за транспарентност и отчетност „Open finance“ која им овозможи на граѓаните увид во тоа како се трошеле и се трошат нивните пари, а овозоможи и разоткривање на низа злоупотреби од страна на државни функционери.
Во однос на претстојните парламентарни избори, соговорниците беа согласни дека фер и демократскиот изборен процес на кој граѓаните слободно ќе ја изразат својата волја ќе е клучен за иднината на Република Македонија.
Соговорниците се согласија дека односите помеѓу двете држави се на одлично ниво, и дека постои можност за натамошна соработка на полето на економијата, воената соработка и размената на знаење и искуства.
Ново на Сител
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид
-
Пиштол пронајден на Јабланица на граничната линија со Албанија