Средба Макрон - Харис: Француско-американската соработка е „клучна“
Францускиот претседател Емануел Макрон и американската потпретседателка Камала Харис вчера се согласија дека соработката меѓу Франција и САД е „клучна“ и оти се на почеток на нова ера во односите, два месеци по кризата предизвикана од откажувањето на Австралија на договорот за подморници.
Нејзината посета треба да овозможи довршување на помирувањето меѓу двете земји најавено од средбата на Емануел Макрон и Џо Бајден на маргините на Г20 во Рим на 29 октомври.
– Мислам, како и вие, дека сме на почеток на нова ера полна со предизвици, но и можности, одговори американската потпретседателка.
– Кога Франција и САД работеа заедно во минатото, тоа секогаш беше крунисано со успех, благодарение на нашите заеднички вредности и приоритети, рече таа, додавајќи дека двете земји имаат заедничка желба да бидат светски лидери и „да им помогнат на другите народи во овие трагични времиња на пандемија“.
Харис и Макрон разговараа за безбедноста, пандемијата, климата и вселената.
Во средината на септември, САД и Австралија му зададоа тежок удар на Париз со формирање на одбранбен сојуз во Пацификот.
Тоа партнерство, наречено АУКУС, ја налути Франција затоа што пропадна договорот вреден повеќе милијарди долари за купување француски подморници од страна на Австралија. Франција го сфати тоа како предавство.
Тоа беше најсериозната дипломатска криза меѓу историските сојузници по француското „не“ за војната во Ирак во 2003 година.
Пред Камала Харис, државниот секретар Антони Блинкен и советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан го посетија Париз за да го смират гневот на Франција пред средбата Бајден-Макрон во Рим пред десет дена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми