-->
-->
Сребрена лига: Македонија поразена од Финска и ќе игра за 3. место
-->
Нашите најдобри одбојкари загубија со 3:1 (25:22, 20:25, 25:18, 25:16) од Финска во полуфиналето на Сребрената европска лига во Будимпешта и по четврти пат не успеа да стигне до златото во натпреварувањето.
По одличниот старт на мечот, Финците успеаја да се вратат и да го освојат првиот сет со 25:22, пред во вториот сет, македонските репрезентативци да направат огромна предност и да израмната со 25:20. Меѓутоа, потоа падна конентрацијата, и Финска успеа да доминира во последните два сета за 3:1 победа.
Капитенот Никола Ѓорѓиев заврши со 32 поени, и сега треба да го предводи тимот во борбата за бронза против поразениот од второто полуфинале, каде што играат домаќинот Унгарија и Романија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Герила акција пред обвинителството
-
Ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче, oд првиот момент планирале убиство
-
Мицкоски: Економијата напредува
-
Меџити: Преговараме со пратеници од Европскиот фронт
-
Австриската министерка за надворешни работи во посета на Македонија
-
Сајбербезбедноста клучна за енергетиката
-
УГД Штип домаќин на студентски конгрес по медицина
-
Преглед на вестите од светот