СПМ: Нема иднина во држава со премиер кој елементарно не соработува со опозицијата
Социјалистичката партија на Македонија реагира на изјавата на премиерот Ковачевски, дадена во прилично нервозна состојба, за негово раководење со Владата во наредните 11 години. Веројатно е несолена шега од наметнатиот премиер кој не поминал на ниту еден изборен циклус, ниту е биран и затоа со леснотија дава изјави кои се загржувачки за македонската демократија. Неговата огромна жед за власт се базира на криминалното богатење за што одработува за себе и за ДУИ и СДС.
Нема иднина во држава со премиер кој елементарно не соработува со опозицијата, особено не со оној кој не почитува пратеници, манипулира и влијае на нивното гласање со што се меша во законодавната власт која треба да го контролира него и извршната власт.
Истовремено, очигледно е префрлањето на одговорноста врз Собранието и пратениците за сите неуспеси и криминални афери кои се последица од неговото буквално владеење со државата. Затоа не зачудува изземањето од скандалите и од личната вина за катастрофалната состојба во која се наоѓа Република Македонија.
Свесно заведувајќи ги граѓаните со разни ветувања за пораст на платите и пензиите, за раст на стандардот, со купување ден повеќе тој всушност го зголемува личниот капитал со што покажува кои се неговите приоритети.
Во сите сфери во Македонија се забележани страшни падови и криминали кои тој и неговата власт не се ни трудат да ги решат туку само ги затскриваат. Со тоа Ковачевски и власта и нанесуваат долгорочна штета на државата и го рушат нејзиниот меѓународен углед.
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека премиерот во континуитет, а особено со последниот ткн.процес за уставните измени и коруптивниот Договор за патните коридори го крши Уставот и макеоднските закони и безгранично манипулира со јавноста и со пратениците од мнозинството.
Тој треба сериозно да ја преиспита и да ја обнови одлуката за депонирање неотповиклива оставка, без влијание и условување за нејзино менување од страна неговите политички ментори од ДУИ и на тој начин да го сочува личното достоинство и да понесе политичка одговорност.
Социјалистичката партија на Македонија предупредува на сложената состојба во која се наоѓа Република Македонија, на длабоката политичка криза, на сериозната подделеност во општеството, на фијаското во надворешната политика и на катастрофалните последици во сите сфери во државата од владеењето на ДУИ и СДС.
Со штетните политики и стратегии, злоупотребите, коруптивните скандали и невладеењето на правото власта е единствениот виновник за закочување на македонскиот евроитегративен процес.
Затоа таа треба да понесе одговорност со поднесување неотповиклива оставка.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола