Македонија
24. November 2024 - 17:42

Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година

Ќе се асфалтира и во зима автопатот до Охрид, а од утре и рехабилитација на превојот Пресека Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, рече дека сите села пред Охрид ќе имаат алтернативен пат за поврзување меѓу селата, експропријациите се завршени, а автопатот ќе се заврши до крајот на 2026 година. Николоски е дециден дека ќе се асфалтира и во зима.

Градоначалникот на Охрид Пецаков најави дека изградбата на автопатот е од огромно значење за развојот на туризмот и ќе овозможи поврзување од Охрид до главниот град. Изградбата на автопатот Охрид Кичево започна во февруари 2014 година.