СПМ: Ковачевски наместо да го слушне незадоволството на народот тој им верува на ветувањата од странство
Социјалистичката партија на Македонија му укажува на премиерот Ковачевски за неговата подготвеност веднаш да се оди на избори откако опозицијата ги изгласа уставните измени дека македонските национални и државни интереси не се предмет на трговија и пазарење.
Само апатрид може да ја стави во залог иднината на македонската нација по цена на остварување на личните цели и очекувањата на бугарската страна.
Наместо да го слушне гласното незадоволство и револтот на народот тој им верува на лицемерните ветувања на разните емисари од странство и свесно сака да му наметне историска неправда и потчинетост на македонскиот народ.
Неверојатно е како октроираниот македонски премиер упорно работи да се задоволат бугарската стратегија и империјалните барања за власт врз македонскиот народ и за укинување на македонизмот.
Уставните промени не се техничко прашање туку длабоко смислена стапица за плиткоумните и необразуваните политичари од Македонија за да се стават во улога на трајни бугарски измеќари, а против сопствениот народ.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека одговорноста за создавање на уставна криза е на товар на Владата на Ковачевски која и покрај заканите од бугарските политичари за нови барања упорно оди во бездната наречена уставни измени.
Социјалистичката партија на Македонија повторно укажува дека се неприфатливи измените на Уставот и заедно со целата опозиција бара веднаш да се распишат избори без одлагање за да се спасат државата и граѓаните од оваа ненародна, корумпирана и предавничка Влада.
Ново на Сител
-
Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија
-
Притвор за осомничен кој подметнал пожар на два имотa на поранешната сопруга
-
Елмас изнуди пенал и го спаси Торино од пораз против Венеција
-
Во Белград комеморативни собири по повод две години од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“
-
Хјустон го победи Голден Стејт и израмни во плејофот во НБА
-
Јанта Волеј нов македонски одбојкарски шампион
-
Вашингтон пост: Администрацијата на Трамп планира намалувања во ЦИА и други разузнавачки агенции,
-
Воена парада во Вашингтон за годишнината на американската војска и 79-от роденден на Трамп