Специјалниот претставник на Кремљ изјави дека Русија и САД се блиску до „дипломатско решение“ за војната во Украина

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изрази увереност дека Москва и Вашингтон се блиску до дипломатско решение за прекин на војната во Украина.
Дмитриев, кој пристигна во Вашингтон вчера, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека евентуалната втора средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп не е откажана и дека двајцата лидери би можеле да се сретнат на друг датум.
Дмитриев по пристигнувањето во Вашингтон рече: „Верувам дека Русија, САД и Украина се всушност доста блиску до дипломатско решение“. Специјалниот претставник на Кремљ не даде детали.
„Фактот што претседателот Зеленски сега признава дека ова се бојни линии е голем потег од негова страна“, рече Дмитриев. „Знаете, неговиот претходен став беше дека Русија треба целосно да се повлече, па всушност мислам дека сме релативно блиску до дипломатско решение“, додаде специјалниот претставник на Кремљ.
Дмитриев пристигна во Вашингтон само неколку дена откако САД воведоа санкции врз две од најголемите руски нафтени компании – Росњефт и Лукоил во обид да се изврши притисок врз Москва да ја заврши војната во Украина.
Тој вели дека новите санкции ќе имаат спротивен ефект. „Тие само ќе доведат до зголемување на цената на бензинот на американските бензински пумпи“, рече Дмитриев.
Рускиот дипломат одби да одговори на прашањето со кои американски претставници ќе се сретне. Според „Аксиос“, Дмитриев ќе разговара со специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф, во текот на денов.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
