Спасовски: Најбезбедна земја на Балканот и намален криминалитет се дел од придобивките од членството во НАТО
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Фронтлајн и Цивил медиа уште еднаш потврди дека безбедносната состојба во земјава е стабилна, без индиции за нарушување и инциденти од пошироки размери.
-Статистичките податоци за првите осум месеци од 2023 година говорат во прилог на ова што го истакнав. Вкупниот криминалитет за 11 проценти е намален во однос на истиот период од минатата година и тоа покажува дека не само што е стабилна состојбата, туку е индикатор којшто покажува дека сите врвни приоритети во делот на безбедноста се остаруваат. Секако дека ова се едни од најдобрите резултати што ги имаме во последните 30 години, потенцира Спасовски во интервјуто запрашан за главните предизвици за безбедносната состојба во услови на руската агресија врз Украина.
Спасовски, како што соопшти ресорното Министерството, потсетил дека и според истражувањата што ги прават регионалните и меѓународни институции кои се занимаваат со прашања од безбедноста, Република Северна Македонија е најбезбедна земја во Западен Балкан и е во друштво со 36 најбезбедни држави во светот.
Од аспект на безбедноста, имајќи ја предвид украинската криза, Спасовски потенцира дека тука најдобро се гледа важноста што Република Северна Македонија е веќе дел од НАТО алијансата.
- Оваа криза покажа дека многу е полесно кога имате силни партнери, да бидете заедно во сојуз којшто може да нѐ штити сите нас, колку е важно да имате гаранција за територијалниот интегритет, за суверенитетот на државата, за границите на државата, вели Спасовски.
Тој уверува дека сите институции во делот на безбедноста се ставени максимално во функција со цел да се сочува и унапреди безбедноста на државата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница
-
Основната плата во државата не може да биде пониска од минималната плата – Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест
-
Трипуновски: Излегуваме во пресрет на земјоделците, ќе ја направиме проценката за да се обноват површините зафатени од невремето
-
Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Најмалку 104 лица го загубија животот, а 28 се повредени во поплави во источниот дел на ДР Конго
-
Филков: Со новиот Закон за Судски совет воведуваме јасни критериуми и механизми за одговорност
-
Истрага за сообраќајна несреќа во Чаир во која има едно лице повредено