Македонија
30. January 2023 - 20:01

Спасовски и Демерџиев тврдат дека нема да дозволат инциденти на 4 февруари

Полициски патроли го чуваат влезот на црквата св. Спас. Уште од денеска МВР ги засили безбедносните мерки по најавите за блокади на 4 мај кога се чествува роденденот на Гоце Делчев. Министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија уверуваат дека нема да дозволат инциденти.

Двајцата министри разговарале и за последниот инцидент во Охрид при што бугарскиот министер Демерџиев побарал МВР целосно да го истражи случајот, бидејќи таквите настани ги нарушуваат односите меѓу двете земји.

Mногу е важно да се знае дека говорот на омразата не е дел од тој пат. Државите во Европа споделуваат вредности и јас мислам дека во текот на денешниот разговор взаемно се убедивме со колегата Спасовски дека двете наши држави ги споделуваат тие европски вредности.

Во владата се уште не пристигнала најава дали и колкава делегација ќе допатува од Софија по повод роденденот на Гоце Делчев. Во меѓувреме, тензиите се повеќе се зголемуваат, откако контроверзниот европратеник  ангелЏамбаски и граѓански здруженија најавија дека ќе дојдат во Скопје. По ова, на социјалните мрежи кружат повици за блокади и ноќни стражи за да се спречи нивното присуство на гробот на македонскиот револуционер. Стража на влезот од црквата најавија и неколку политички партии.