Спасени 64 мигранти во морскиот дел јужно од грчкиот полуостров Пелопонез
Крајбрежната служба на Грција во морскиот дел јужно од полуостровот Пелопонез вчера спасила 64 мигранти кои се превезувале на едрилица , јави дописничката на МИА од Атина.
Спасувачката акција, како што соопштија од крајбрежната служба, започнала откако добиле информација од товаран брод што бил во близина дека едрилица со мигранти плови без контрола во конкретната морска област.
Мигрантите биле спасени и безбедно пренесени на пристаништето во градот Каламата.
Паралелно, грчката крајбрежна служба веќе деветти ден продолжува со потрагата по исчезнатите од несреќата со мигрантите минатата седмица.
Досега пронајдени се безживотните тела на 82 лица, а спасени 104 лица.
Во рибарскиот брод што потона во близина на Пилос кај Пелопонез, официјално не е познато колку лица се пренесувале, а според преживеаните бројката би можела да е околу 700 лица.
Ново на Сител
-
Мециновиќ со фокус на решавање на јавниот транспорт и загадувањето на Скопје
-
Во тек пријавувањето за вакцинација против сезонски грип
-
Најмасовна крводарителска акција досега организирана во Струмица
-
Од вкупно 12 останати се само 3 кондураџиски дуќани во Охрид
-
Израел и Хамас постигнаа мировен договор
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура