-->
-->
СП - жени: Романија во осминафиналето го елиминира светскиот првак
-->

На Светското првенство за ракометарки што се одржува во Данска, синоќа Романија во осминафиналето направи изненадување со триумфот над светскиот првак Бразил. Во текот на целиот натпревар Романките имаа предност и заслужено стигнаа до победата од 25:22.
Во четвртфиналето тие ќе играат против домаќинот Данска, која со 26:19 ја совлада Шведска.
Најубедлива победа во осминафиналните дуели оствари Холандија која со 36:20 славеше во дуелот со Србија, додека Норвешка ја победи Германија со 28:22.
Попладнево се играат другите осминафинални дуели:
Шпанија – Франција,
Полска – Унгарија,
Русија –Јужна Кореја и
Црна Гора – Ангола.
Во четвртфиналето Холандија ќе игра со победникот од дуелот Шпанија – Франција, додека Норвешка за ривал ќе го има поуспешниот од натпреварот Црна Гора – Ангола. Победниците од натпреварите Полска – Унгарија и Русија – Јужна Кореја ќе играат меѓусебе.
Четвртфиналните натпревари се играат на 16 декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија одбележа 25 години од резолуцијата 1325 на ОН - „Жени, мир и безбедност“
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Гласајте по сопствено убедување
-

Серија проекти и мерки по изборите
-

Сиљановска: Жените да бидат вклучени во процесот на одлучување
-

Заплениети 130 килограми марихуана на Табановце
-

Неопходна е стратегија за спас на Преспанското езеро
-

Преглед на вестите од светот
