Македонија одбележа 25 години од резолуцијата 1325 на ОН - „Жени, мир и безбедност“
Пред 25 години потпишувањето на Резолуцијата 1325 на ОН ја смени перцепцијата за жените, но тие сè уште се најчестите и најголемите жртви на конфликтите, порача претседателката Сиљановска Давкова на годишнината од потпишувањето на Резолуцијата „Жени, мир и безбедност“.
Според неа, исклучување на жените од процесот на одлучување не се обичај, туку се неправда која треба да запре. Повика по 80 години време е Генералното собрание на ОН да го води жена.
На годишнината од резолуцијата, министерството за одбрана излезе со бројка дека во последната деценија за 50 проценти е зголемен бројот на припаднички во армијата, дополнително и на раководни позиции. Министерот Мисајловски порача дека одбраната е предводник на политиките за родовата еднаквост.
Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените се предуслов за превенција и решавање на конфликтите, порача денеска евроамбасадорот Михалис Рокас според кого потребна е поголема инклузија на жените во сите процеси.
Симболично на одбележувањето на годишнината, од денеска е достапна нова поштенска марка со која се одбележуваат улогата на жените во градењето на мирот.
-   
  Ивана Соколовиќ НајдоваСите содржини од овој новинар

 
 
 
 
 
 
 
