Создадени 19,634 милиони тони отпад од ланските економски активности во Македонија
Од економската активност во земјава лани се создадени 19,634 милиони тони отпад од кои 19,513 милиони или 99 отсто се од секторите Преработувачка индистрија, Рударство и вадење камен и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во секторот Снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината се создадени 13,97 илјади тони, а во останатите дејности 107 илјади тони отпад.
Од вкупното количество на создаден отпад 1,4 проценти или 8,23 илјади тони се предаден отпад, односно отпад кој деловните субјекти го предале на други физички или правни лица во земјата или во странство, додека 282,93 тони отпад деловните субјекти го примиле од други физички или правни лица од земјата или од странство.
Во текот на 2014 година се преработени 783,6 илјади тони отпад, а вкупно се отстранети 7,555 милиони тони отпад.
Ново на Сител
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ