Сопственичката на „Диамед“ доби условна казна
Сопственичката на „Диамед“ Вера Иванова денеска во Кривичниот суд беше прогласена за виновна дека сторила кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари за центрите за дијализа „Диамед“, и доби условна казна од две години затвор. Судот одреди и конфискација на средства во висина од 3.275.000 евра.
- За кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, Судот утврди казна затвор од една година и три месеци, и за кривичното дело перење пари - една година и три месеци затвор. Согласно 44 од КД од сторените кривични дела, на обвинетата и утврдува единствена казна затвор од две години, па согласно одредбите од членовите 48, 42 и 50, единствена казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку обвинетата во рок од пет години сметано од денот на пресудата, не стори ново кривично дело, наведе во изречувањето на пресудата судијата Илија Трпков.
Иванова беше обвинета дека како управител со умисла и на незаконски начин, продавајќи ја фирмата и без да го извести Министерството за здравство, ја предала лиценцата на шведски „Диаверум“.
Таа се товари за злоупотреба на службената положба и за перење пари во вкупен износ од 11 милиони и 500 илјади евра.
Процесот започна во септември 2021 година, а судењето го водеше судијата Илија Трпков.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура
-
Приведена сопругата на д-р Шаини, напаѓачот е во бегство
-
Тема на денот со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП
-
Д-р Шаини е пуштен на домашно лекување, ДУИ обвинува случајот е обид за атентат
-
Максимални три години затвор за тројцата обвинети за Вардариште
-
Претставници на „Стоп Вардариште“ на средба со институциите во МВР