-->
-->
Соколов: Партизан има слаби точки кои треба да ги искористиме
-->
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром,попладнево гостува во Белград кај Партизан во меч од 12.коло на регионалната АБА лига. Во ситуација во која двете екипи се во лоша резултатска низа, а со нови тренери на клупите, шансите за победа и се подеднакви, особено ако се земе и в предвид победата на МЗТ во првиот дуел одигран на стартот на сезоната во Скопје.
„Немавме среќа да победиме против Морнар, но покажавме голема желба и позитивна енергија кои ако ги повториме во Белград сигурно ќе дојдеме до можност да го изненадиме противникот. Партизан е тим кој секога мора да се респектира, но кој има слаби точки кои ќе пробаме да ги искористиме. Добро трениравме деновиве и ако се држиме до планот во соблекувална верувам дека ќе одиграме добар натпревар“, изјави Дарко Соколов.
И новиот тренер на аеродромци, Жељко Лукајиќ смета дека црно-белите не се несовладливи.
„Против Партизан треба да покажеме голема желба за надигрување, како и дел од енергијата која беше очигледна на неодамнешниот дуел со Морнар, а која секојдневно ја гледам на тренинзите. Факт е дека не може да му се заканувате на Партизан во Белград, особено во една ваква ситуација кога и кај нив доаѓа до шок терапија со промена на тренерот. Веднаш се гледа поинаква филозофија во нивната игра, пред се во пристапот. Но, ова е меч во кој се е отворено. Ќе мора да одиграме цврста одбрана и да го спречиме противникот да не постигнува лесни поени во транзиција и во секундарни напади. И, ако ни се укаже шанса сигурно ќе пробаме да изненадиме“, дополни Лукајиќ.
Во пресрет на овој меч, МЗТ Скопје е „закован“ на дното на табелата со „скор“ од само 2 победи и дури 9 порази, додека Партизан е на 8.место со 5 победи и 6 порази.
Дуелот меѓу Партизан и МЗТ Скопје Аеродром е единствениот кој се игра денеска во рамките на АБА конкуренцијата.
Почетокот на средбата е во 19 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии