Социјални услуги во Азербејџан само за вакцинирани против Ковид-19
Граѓаните на Азербејџан од 16 август ќе можат да ги користат социјалните услуги само доколку поседуваат сертификат за вакцинација против коронавирусот, соопшти денеска Министерството за труд и социјална заштита.
Апликациите на граѓаните и нивното разгледување при приемот во Министерството и неговите структури, како и во центрите за пензиска служба и вработување, ќе се поднесуваат само со приложување сертификат за вакцинација на соодветното лице, се наведува во соопштението. Според новите правила, електронски поднесените апликации, исто така, ќе се разгледуваат само доколку се внесат податоци за постоење на ковид сертификат.
Во Азербејџан, вакцинацијата против коронавирусот започна на 18 јануари, и досега се вакцинирани повеќе од половина граѓани на земјата. Кон крајот на минатиот месец, властите во Азербејџан одлучија задолжително вакцинирање до 1 октомври на најмалку 80 проценти од сите вработени во државните, здравствените, фармацевтските, научните и образовните институции, комуналните структури, во областа на транспортот и комуникациите, во социјалната сфера, во трговијата и јавното угостителство и во туристичките објекти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари