Македонија
23. March 2025 - 16:47

Охриѓани им оддадоа почит на жртвите

Со 60 минутен молк, охриѓани им оддадоа  почит на жртвите од трагедијата во Кочани.Точно во 12 часот на градскиот плоштад кај црквата Свети Димитрија со палење свеќи и полагање цвеќе  Младинската и ученичките заедници заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет покажаа заедништво и поддршка на семејствата на загинатите млади  во пожарот во дискотеката „Пулс“ .

Деспина Крлеска студентка во Солун вели дека голем број македонци кои живеат и студираат таму, присуствувале на вчерашниот собир на централниот плоштад „Аристотел“ за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар, идејата за се родила откако првите повредени пристигнале на лекување во Солун и големиот одзив за помош на оние  кои живеат во овој грчки град. Со пораки испишани на транспаренти, граѓаните  порачаа дека бараат правда, и расчистување на  случајот до крај.

Општина Охрид пак на седница на Совет која ќе се одржи следната недела ќе одлучува за доделување финансиска помош за семејствата на починатите и за повредените лица во пожарот што се случи во Кочани.