Собранието работело 88 денови, одржало 50 седници, најмногу заостанати закони на Комисијата за образование
– Претседателот на Собранието Талат Џафери оценувајќи ја работата на Парламентот во 2022 година рече дека активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ довела до нов начин на работата на Парламентот, и дека за исходот од тоа ќе ценат граѓаните. За неговата работа, вели дека е базирана на Деловникот и законите. Во 2022 година Собранието во 88 дена одржало 39 нови седници, а со продолженијата од минатата година 50. Најмногу заостанати закони има на собраниската комисија за образование.
-Предизвик беше после одлуката на ВМРО-ДПМНЕ активно да ја блокира работата на Собранието. Секако дека создаде нова ситуација во начинот на работа на Собранието. Ненавикнати на таа ситуација моравме да се прилагодиме кон таа состојба. Од контекст на одлуката, секако, тоа е демократско политичко право на демократски субјект да учествува во политичкиот живот да има политичка одлука како ќе делува во Собранието. Од тој аспект тоа не можете да го вреднувате како нешто што е недопустливо или забрането, рече Џафери.
По однос на исходот на таква одлука, истакнува тој, граѓаните ќе носат соодветна одлука како тие го доживувале тоа, кога ќе имаат можност да ги споредат сите оние точки што се поминати и се она што е заостанато непоминато поради неработа на комисиите и ќе можат граѓаните да ценат колку таквите одлуки биле во полза на граѓаните, а колку биле на штета на граѓаните.
-Сум укажувал дека тоа во секој случај не е соодветен одговор, рече Џафери.
За обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за неговата работа дека одредени одлуки не се носени врз основа на Деловникот и од страна на владејачкото мнозинство, тој вели дека тие се базирани на она што е Деловникот и надлежноста што произлегува од него.
-Во спротивно требаше да го затворам Собранието и да си одам дома односно да не работи. Затоа Деловникот дава можности за надминување на определни ситуации, рече тој.
Во 2022 година Собранието во 88 дена одржало 39 нови седници, а со продолженијата од минатата година 50. Џафери на брифингот со новинарите достави и листа на незавршени комисиски расправи за закони и други точки кои се заглавени на овие собраниски тела и поради што не можат да бидат поминати на пленумот. Предничи собраниската Комисија за образование и наука каде има десет незавршени точки, а потоа следуваат комисите за здравство со девет, за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика, за надзор над мерките за следење на комуникациите со по осум точки и за финансирање и буџет со седум закони.
Џафери вели дека за причините за незавршувањето на овие седници на комисиите треба да се прашаат парламентарните групи и нивните координатори.
-Укажувам дека ваков начин на работа не е во ред, рече Џафери велејќи дека има комуникција со сите пратенички групи вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ.
Решението од оваа ситуација, претседателот на Собранието ја гледа во тоа пратениците да се држат до ветувањата што ги дале пред граѓаните и институциите да бидат ефикасни. Тој е убеден дека за вакви ситуации излез би можело да биде и нов Деловник, за што разговори во рамки на Жан Моне процесот имаше во понеделникот. Овој нов деловник тој би сакал да биде донесен до средината на 2023 година, а би се однесувал на следниот парламентарен состав.
Првата нова седница на Собранието е закажана за 10 јануари.
Ново на Сител
-
Каминандо Фронтерас: Повеќе од 10.000 мигранти загинати годинава по морски пат до Шпанија
-
Муцунски: Соработката со Република Турција е наш значаен приоритет, им стоиме на располагање на претпиемачите за олеснување на реализацијата на деловните планови
-
Сите четири аеродроми во Москва привремено затворени
-
Египет, Грција и Кипар ќе одржат самит во Каиро за зајакнување на партнерството во услови на регионални предизвици
-
ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“ се намалени за 10 отсто
-
Пакистанскиот воен суд осуди 60 цивили на затворска казна од две до десет години
-
Нема ризик за безбедноста, државата е во сигурни раце, вели Мицкоски
-
Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“