Ф1
6. April 2025 - 11:46

Четврта последователна победа на Сузука за Верстапен

Возачот на Мекларен Ландо Норис го освои второто место со +1,423 секунди заостанување зад лидерот. Трет беше неговиот клупски колега Оскар Пјастри (+2,129).

При излезот по првиот пит стоп, Верстапен и Норис за малку ќе се судреа. Британецот беше принуден да направи заобиколување на тревата, поради што загуби околу секунда.

Верстапен победи на првата трка во сезоната 2025 година и четврта година по ред во Сузука.

Следната етапа од Формула 1 шампионатот ќе се одржи во Бахреин на 13 април.

Во Генералниот поредок за возачи, води Норис со 62 бода, Верстапен е втор со 61, трет е Пјастри со 49.

Кај конструкторите води Мекларен со 111 пред Мерцедес со 75 и Ред Бул со 61.