Собрани потписите за иницијативата за референдум за рудникот Иловица
Граѓанската иницијатива „Спас за струмичката котлина - Стоп за рудникот Иловица“ ги собра потребните сто потписи за валидизација на иницијативата за распуишување референдум. Членовите на иницијативата ги доставија собраните потписи, кои полнолетните жители на Босилово и Ново Село ги депонираа во канцеларијата на Државната изборна комисија во Струмица, во општинките служби.
- Имавме собрано по 115 потписи за Босилово и за Ново Село. Ги однесовме кај локалните власти каде што одржавме многу важни конструктивни состаноци со градоначалниците, претседателите на советите, како и претставници на Општинската изборна комисија. Имаме увид во ситуацијата и препознавме позитивен пристап и слух зa барањата на граѓаните од страна на локалната власт. Се договоривме во иднина да соработуваме и да имаме конкретни чекори, вели Ѓорги Танушев од иницијативата.
Општина Босилово веќе на 20 јули ќе одржи седница на Советот, а постапките ќе одат по скратени рокови, појасни градоначалникот Љупчо Колев.
- Им предочивме на претставниците на граѓанската иницијатива, дека можни датуми за одржување на референдум на кој треба да се изјаснат дали се за или против изградба на рудникот Иловица, се 3, 10 или 17 септември. Со оглед на законските рокови и решенија, дека референдумот треба да се одржи најмалку 25, а најмногу 45 дена од стапување на сила на правосилноста на одлуката на советот за распишување. Со оглед на нашиот став, граѓаните да го кажат својот последен збор, ние ќе одиме по скратени рокови, рече градоначалникот Колев.
Ново на Сител
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?