Со Василичарско оро и палење на маските завршува Вевчанскиот карневал
Со традиционалното василичарско оро и палење на маските на двете друштва Горна и Долна маала во центарот на Вевчани, попладне ќе заврши годинашниот Вевчански карневал .
Зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, инспирирани од актуелните случувања изминатава година, според традицијата, денеска ќе ги посетат вевчанските семејства каде што има име Васил, Василиј. Во утринските часови, заедно со членови од семејствата беа на Вевчанските извори полнеа вода со која го правеа вевчанскиот кашаник со паричка.
Вевчани изминатите два дена претставуваше отворена театарска сцена, каде дефилираа голем број маскирани вевчанци, но и туристи од земјава и странство. Меѓу највпечатливите маски на овогодинашниот карневал беа СОРОС во Македонија, Шарена револуција, федерализација и кантонизација на државата, низ вевчанските улици се продаваа и дипломи од Косово за 5.000 евра, а внимание привлекоа и фантомските тутунарки. Не изостанаа ниту маските од секојдневието, омилените цртани ликови, како и други со страшни и смешни содржини.
Многубројните гости од земјава, но и странство повторно ја доживеаја 15 вековната магија, во која вевчанци ги отсликуваат своите видувања на настаните што ја одбележаа реалноста во земјава и светот. Тие уживаа во шегите, довикувањата, ведриот дух и позитивната енергија на василичарите. Карактериситчно за манифестацијата е што никој никому не се лути, бидејќи ова се денови на мајтап во Вевчани.
Присутните синоќа ги забавуваа македонските народни изведувачи Јордан Митев, Анета Наковска и Ефто Пупиноски, а православната Нова година беше дочекана со пет минутен огномет.
Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои олицетворение на злото и двајцата глупи Августи кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.
Ново на Сител
-
Кардиналот Ре се надева дека вечерва ќе биде избран новиот папа
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки
-
Кривична за сопственик на фирма, работник без работна дозвола се заглавил во работна машина и починал
-
Лишен од слобода албански државјанин на ГП „Блато“, понудил поткуп на полицаец
-
ОЈО отвори истрага против 21-годишен скопјанец, во претрес на таванска просторија во зградата каде живеел пронајдена дрога и оружје
-
Малолетник нападнат од неколку лица на автобуска станица во Центар
-
Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан