Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
Вкупно 66 локации на Кипар, од кои 64 плажи и две марини се наградени со „Сино знаме“ за 2025 година, односно меѓународната награда за квалитетот на водата за пливање, заштитата на животната средина, организацијата и безбедноста на посетителите, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерка за земјоделство, рурален развој и животна средина на Кипар Марија Панајоту посочи дека „Синото знаме“ е најпрепознатливиот меѓународен симбол за квалитетот на плажите, зад него стои строга рамка на конкретни спецификации и континуирана контрола, а првиот и неспорен критериум е одличниот квалитет на водата за капење, согласно европските стандарди.
– Потребна е целосна усогласеност со 33 конкретни критериуми за плажите и 38 за марините, кои го потврдуваат високото ниво на организација и управување. Меѓу основните елементи што се оценуваат вклучени се безбедност на капачите, валидни и соодветни информации за посетителите, чистота и уредност на крајбрежната зона, како и заштита на природната средина и негување на еколошката свест, посочи Панајоту.
Ново на Сител
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми
-
Преглед на вестите од светот