Со нож и пиштол му се заканиле на таксист и го ограбиле, уапсени две лица
На 27.01.2022 околу 06.15 часот во с.Визбегово, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Чаир и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по обезбедена судска наредба, извршен бил претрес на дом и други простории кај А.А.(29) и кај Б.Ќ.(30), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“, стои во соопштение од МВР.
Имено, кривичното дело двајцата го извршиле на 21.01.2022, при што со закана со нож и пиштол од таксист од Скопје одзеле пари и мобилен телефон.
При претресите кај двете лица биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. А.А. и Б.Ќ. биле лишени од слобода, против нив е изготвен поднесок, а од страна на судија определена им била мерка притвор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Антонио Апостолски од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-
Христијаните во земјава го одбележаа најголемиот празник - Воскресение Христово Велигден
-
Државно-партискиот врв го честиташе Велигден
-
Илјадници верници во црквите во Охрид
-
Г. Петар: Со Цариград во моментов нема преговори, не можеме да преговараме околу тоа што сме и кои сме
-
Колешино - Село со пример за верски соживот
-
Д-р Митов: Науката потврди дека јајцата можат да бидат корисни за здравјето, но да не се претерува
-
Ахмети ја потврди комуникацијата со Таравари - ВЛЕН најавува спојување во една партија