Loading Video...
Ф1
13. September 2020 - 18:20

Со новата победа Хамилтон е на чекор до рекордот на Шумахер

Луис Хамилтон ја забележа шестата победа сезонава  во Формула 1 шампионатот. 
 
Актуелниот светски првак најдобро се снајде во денешната трка на „Тоскана“ која неколку пати беше прекинувана и стартувана, па Британецот, целната рамнина ја мина пред тимскиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас. 
 
Место на пиедесталот обезбеди и Александер Албон од Ред Бул. 
 
Хамилтон за кого ова беше 90-та победа во кариерата сега е на само една помалку од рекордот на легендарниот Михаел Шумахер.