Loading Video...
Ф1
9. October 2022 - 14:05

Со победата на јапонското Гранд-при Верстапен ја освои шампионската титула

Со триумфот на јапонското Гранд-при Макс Верстапен на четири трк и до крајот на сезоната во Формула 1 првенството, ја одбрани шампионската титула. 
 
Катастрофалните временски услови и бројните прекини, беа причината поради која на патеката Сузука се извозеа нешто повеќе од полофина од предвидените кругови, а во таквите услови најдобро се знајде Верстапен. 
 
На подиумот се искачија и Серхио Перез и Шарл Леклер кој иако заврши како втор, поради казната од 5.секунди на крајот мораше да се задоволи со третото место.
 
Ваквиот расплет на Верстапен му донесе недостижни 113 бодови повеќе од Леклер во генералниот поредок, па Холанѓанецот на четири трки до крајот на сезоната можеше да ја прослави својата втора шампионска титула.