Loading Video...
Ф1
31. July 2022 - 16:59

Верстапен победник на Унгарското Гранд-при

Макс Верстапен е победнк на унгарското Град-при. Актуелниот светски првак иако стартуваше од 10-тата позиција, најдобро се снајде на денешната 13-та трка во Ф1 првенството возена на патеката „Хунгаро Ринг“. 
 
Како и пред една седмица во Франција, така и сега во Унгарија, возачот на Ред Бул, зад себе ги остави членовите на Мерцедес, двајцата Британци, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
 
Со осмата победа сезонава, Холанѓанецот кој е лидер во Генералниот пласман, ја зголеми предноста во однос на Шарл Леклер од Ферари кој денеска заврши како шести, па Верстапен сега има дури 80 бодови повеќе. 
 
Во формула 1 шампионатот следува пауза до 28 август, за кога е закажано белгиското Гранд-при.