Балкан
11. December 2017 - 17:36

Снежна бура одзеде живот во Хрватска: Човек поправал оштетувања во куќата, па загинал

Снежната бура во Горски котор однесе еден живот денеска, кога силен ветер турнал монтажни скали потпрени на куќата, на кои бил 33-годишен човек, кој загинал од падот на лице место. Како што пренесуваат хрватските медиуми, тој се обидувал да поправи оштетувања од ветер настанати на куќата.

Поради срушени стебла на улиците, затворени се неколку делници ширум земјата.

Снежни бури беснеат низ цела Европа, а во неколку градови се откажани и авионските летови.

Реките во Хрватска почнале да се излеваат и да прават неред низ патиштата.