„Случајот Хармс“ - премиера на Театар Комедија

За својот четврти роденден Театар Комедија вечер премиерно ќе ја изведе „Случајот Хармс“ - претстава за Даниил Хармс, еден од најконтроверзните, но и највлијателните руски автори од 20 век. Авторка на драматизацијата е Жељка Удовиќиќ-Плештина од Хрватска, а режисер е Дино Мустафиќ од Босна и Херцеговина.
Хармс се смета за авангардна икона на дисидентството, исклученоста и уметничката слобода, автор кој поради противењето на доктрината и авторитарноста на сталинизмот бил прогласен за луд и починал во затворската болница во Ленинград на 37 години.
Режисерот Мустафиќ кој работи во многу театри низ светот и кој во Македонија има поставено неколку претстави, за оваа постановка рече дека е неконвенционална и атипична во однос на она што е најчеста драматургија на нашите сцени.
- Се надевам дека тоа ќе и биде интересно на публиката на Театар Комедија. Имавме прекрасен процес на работа и направивме претстава за која мислам дека можеме да бидеме горди, бидејќи е сложена во својата драматургија. Тоа е претстава што многу бара во актерска смисла, затоа што е составена од низа елементи - кореографски, танцувачки, физички театар, акробатика, музика, па до слоевитоста на Хармсовиот текст, кој токму затоа што излегувал од литературните форми и конвенции, инсистира и бара едно длабоко интелектуално понирање во материјалот кој се обработува, рече Мустафиќ на прес-конференција по повод премиерата.
Додаде дека во неговата имагинација и апстрактност Хармс е близок на денешното време и дека иако од денешна перспектива е класик, се уште се луцидни неговите литературни импулси. - Тој е универзален писател зашто може да го играте на кој било меридијан на светот и во неговите описи, слики и хумор ќе ја препознавате сопствената отуѓеност или некој вид сопствена внатрешна миграција кога светот станува страшно вулгарен, примитивен и идеологизиран, додаде босанскиот режисер.
Според авторката на драматизацијата Удовиќиќ-
- Внатре во себе тој ја има противречноста, има потреба да се спротивстави, нешто да коментира. Таа дихотомија е всушност основната карактеристика на Хармсовото творештво, но и на неговиот живот. Покрај тоа што бил неприспособен и со својот хумор ги кршел нормите, втората карактеристика е односот кон еротското, кон вљубеноста за кои тој цело време пишувал преку своето дело. Оттука, еросот и танатосот се одредница на делото на Хармс, рече Удовиќиќ-Плештина.
Во улогата на Хармс ќе биде Илија Илиоски, а покрај него во актерската екипа се и: Жаклина Петровска, Мирјана Ристов, Ева Скендеровска, Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Жарко Димоски и Столе Мицов. Сценографијата е на Крсте Џидров, костимограф е Благој Мицевски, кореографка Саша Евтимова, а музиката е на Оливер Јосифовски.
„Случајот Хармс“ е прва премиера на Театар Комедија во 2016 година со поддршка на Министерството за култура, а втора во оваа година откако со сопствени средства театарот неодамна ја постави „Вардарски пастуви“.
Ново на Сител
-

Алиу: До мај ќе имаме нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража
-

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња
-

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а Џини индексот е првпат под 30 проценти во последните 30 години
-

Собранието го донесе Законот за Судски совет
-

Јаневска: Во образованието почнува да се реализира она што требало многу порано, се движиме добро
-

Зеленски: Од Трамп побарав гаранции за Украина во траење до 50 години
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен за сите возила со две четиричасовни блокади на грчките земјоделци
-

Во среда и дневните температури под нулата, ќе има и силен ветер
