Словенија: Неуспешна интерпелација против министер и сојузник на Јанша
Словенечката опозиција не успеа да изгласа недоверба на член на владата на премиерот Јанез Јанша, така што министерот за економија и вицепремиер Здравко Почивалшек останува на функцијата.
Гласањето за смена на Почивалшек се одржа на маратонската парламентарна дебата. За смена гласа 37 членови на опозицијата, додека 51 члена на владејачките партии беа против.
Интерпелацијата беше иницирана поради сомневања дека има корупција, фаворизирање на одредени компании, преплатување опрема и други неправилности при набавка на потребната медицинска опрема за време на епидемијата Ковид-19, за која беше задолжен Почивалшек.
Тој е претседател на Партијата на модерниот центар и една од најголемите партнери на премиерот, за кои некои опозициски пратеници велат дека е вистински виновник за нетранспарентните зделки со увоз на заштитна опрема.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги