Словенец се сети како да заработи во Америка, на сметка на Меланија Трамп
Словенечкиот колач со ореви познат под името потица, што ги прослави папата Франциско и Меланија Трамп, ќе се продава во САД како десерт благодарение на словенечкиот бизнисмен Борут Бабич, директор на фабриката „ИР Фарма“.
Бабич проектот за освојување на големиот американски пазар со овој десерт ќе го води под слоганот „The Potic goes to America“.
Традиционалниот словенечки десерт стана познат во светски рамки кога папата на 25 мај, при аудиенцијата на американската претседателска двојка во Ватикан, на шега ја праша Меланија со што го храни сопругот, дали со потица, со што овој деликатес од Словенија стана глобално препознатлив.
- Потицата во САД ќе се продва како смрзнат производ, но со природни состојки и без конзерванси, затоа што купувачите на тоа многу внимаваат, изјави Бабич за новиот број на љубљанскиот неделник „Младина“
Ново на Сител
-
Обвинителството и инспекциите ја чешлаат Комунална
-
М-НАВ: Граѓанскиот суд постапи исправно
-
Рекордна заинтерсираност за имунизација против сезонскиот грип
-
Се поголем е интересот за угостителско-туристичките струки
-
Преглед на вестите од светот
-
Андоновски: Очекуваме до следната година Македонија да добие бесплатен роаминг во ЕУ
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика
-
Николоски од Лондон: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на договорот влада со влада