Словачки полицајци на македонско-грчката граница
На барање на министерот за внатрешни работи на Република Македонија во земјава пристигнаа 25 членови од полициската единица на Република Словачка кои ќе спроведуваат заеднички патроли со македонските колеги на македонско-грчката граница.
- Словачките полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел заштита на границата, борба против криумчарењето и помош во управувањето на миграциските текови. Словачките полицајци ќе бидат опремени со осум теренски возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување, информира Словачката амбасада во Скопје.
Оттаму прецизираат дека со испраќањето на 25. полицајци Словачка ќе биде најголем придонесувач по глава на жител од шесте земји кои испратија свои полициски сили на македонско-грчката граница како израз на солидарност во решавањето на мигрантската криза.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата