Спорт плус
27. December 2021 - 19:48

Славната Американка позитивна на Ковид-19

 Американската скијачка Микаела Шифрин е позитивна на Ковид - 19 што значи дека ќе ги пропушти трките во Австрија кои се на програмата оваа недела.
 
„Последниот пцр тест кој го направил е позитивен. Се чувствувам добро, ги следам протоколите, и сум во изолација“ – напиша Шифрин на социјалните мрежи.
 
Тројната светска првенка и освојувачка на кристалниот глобус во моментов води во генералниот пласман со 115 бодови предност пред Софија Гоџа од Италија.