Скрининг во Дирекцијата за заштита и спасување од Европскиот механизам за цивилна заштита
Детална анализа на сите клучни сегменти во системот за заштита и спасување, детектирање на слабостите, но и добрите практики ќе бидат опфатени со скринингот во Дирекцијата за заштита и спасување, кој започна денеска и ќе трае до 25 октомври, а ќе го спроведува тим од ЕУ и државите кандидатки.
Како што соопштија од ДЗС, со скринингот, кој е инструмент во рамките на Европскиот механизам за цивилна заштита, меѓу другото ќе се разменуваат искуства и ќе се дадат насоки и препораки кои ќе придонесат за унапредување на системот.
На денешниот состанок во ДЗС, предводен од директорот на Дирекцијата Аднан Џафероски, покрај претставници од надлежните домашни институции, учествуваа и експерти од Европската Комисија, Велика Британија, Тунис, Германија.
Ново на Сител
-
Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV
-
Прв говор на папата Лав Четрнаести: Бог нè сака сите, безусловно
-
Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра
-
Македонските ракометари ја совладаа Естонија во евроквалификациите
-
Американецот Роберт Превост е новиот папа, со избрано име Лав 14
-
Кардиналот Ре се надева дека вечерва ќе биде избран новиот папа
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки