Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14)

Скопје од денеска е домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14) насловен „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“. Го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во соработка со Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП и петте регионални комисии на ОН (UNECE, UNESCSP, UNECLAC, UNECA и ESCWS).
Целта на тридневниот форум е да се премине од глобални цели кон конкретни акции – со јасни чекори за диверзификација на изворите, забрзување на обновливите инвестиции и развој на регионална соработка за енергетска стабилност.
Најавени се над 600 учесници од 70 држави, владини и претставници на меѓународни организации, банки, академската заедница, приватниот сектор и на граѓански организации. Над 150 експерти ќе дебатираат на 35 панелски сесии.
На отворањето на форумот во Македонската филхармонија (09:00) ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, Татијана Молчан, извршна секретарка на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) и Армен Григоријан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Форумот IFESD-14 во Скопје ќе се надоврзе на резултатите од минатогодишното издание, што се одржа во Бангкок, а со цел да обезбеди платформа за конкретни акции и политики кои ќе ја забрзаат праведната и инклузивна енергетска транзиција.
Во рамки на форумот, ќе биде потпишана „Скопје декларација“ – документ кој ќе остане како значаен траен запис за заложбите на земјите учеснички кон одржлива, безбедна и инклузивна енергетска иднина. Со ова, потенцираат од МЕРМС државава ја зацврстува својата позиција на енергетската светска мапа како рамноправен и кредибилен партнер во глобалната транзиција.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Ништо нема да го загрози примирјето меѓу Израел и Хамас
-

Најстудено во Берово, најтопло во Охрид
-

Илјадници белграѓани пречекаа студенти од Нови Пазар кои пешачат кон Нови Сад на комеморативен собир в сабота
-

Ванс: Примирјето меѓу Израел и Хамас се почитува и покрај судирите во Газа
-

Сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени
-

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово
-

Ураганот Мелиса остави хаос во Јамајка и се упати кон Куба
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум
