Илјадници белграѓани пречекаа студенти од Нови Пазар кои пешачат кон Нови Сад на комеморативен собир в сабота

Во Белград доцна синоќа на две локации пристигнаа групи студенти од Нови Пазар кои 13 денови пешачеа за да присуствуваат в сабота на комеморативен собир во Нови Сад по повод годишнината од загинувањето на 16 луѓе од падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град во Војводина.
Тие беа пречекани од неколку илјади граѓани со огномет, по што се упатија кон Студентскиот плоштад околу 23 часот и со тоа официјално ја завршија синоќешното пешачење.
Граѓаните кои ги пречекаа извикуваа „Пумпај“ и „Нови Пазар“, и додека поминуваа низ Плоштадот на републката беа поздравени и од актери од Народниот театар што се наоѓа на тоа место.
Групата студенти од Нови Пазар кои пешачат 400 километри треба да го продолжат своето патување денеска наутро, додека другата, штафетна група, ќе има слободен ден и ќе го продолжи своето патување заедно со своите колеги од Белград в четврток наутро.
Студентите од Нови Пазар од Белград ќе одат до нивната крајната дестинација со своите колеги од главниот град.
Групи од голем број градови во Србија пешачат до НовиСад за да се соберат на првата годишнина од смртта на 16 лица и тешката повреда на едно лице, откако се урна бетонска настрешница на железничката станица во тој град на 1 ноември 2024 година.
Голем број луѓе од западна Србија, студенти, средношколци и други граѓани, од Краљево, Чачак, Ужице, Горњи Милановац, Суботица, Ниш, Ваљево, Крагуевац... пешачат до таа средба.
Студентите во блокада веќе една година, предводат бран граѓански протести со кои бараат одговорност од властите за смртта на 16 лица при падот на реконструираната настрешница на главната железничка станица во Нови Сад лани.
Кон крајот на ноември минатата година, започнаа блокади на факултети на шест државни универзитети како одговор на физичкиот напад од страна на владини претставници врз студентите на Факултетот за драмски уметности во Белград, додека тие стоеја на улицата и тивко им оддаваа почит на загинатите.
Во март, во Белград се одржа најголемиот протест организиран од студенти во изминатата година, на кој, според Архивата на јавни собири, присуствуваа меѓу 280.000 и 330.000 луѓе.
Претходно, во ноември, тие побараа објавување на целосна документација за реконструкцијата на железничката станица каде што се случи несреќата, итно гонење на функционери на СНС кои претепаа студенти на ФДУ во Белград, прекин на судските постапки против уапсените за учество во демонстрации и зголемување на буџетот за факултетите за 20 проценти.Откако барањата не беа исполнети, во мај таа побара распишување вонредни парламентарни избори.
Претседателот на државата, Александар Вучиќ, одби да распише нови избори.
В сабота, на 1 ноември, Нови Сад ќе се одржи комеморативен собир за да се одбележи годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град, кога 16 лица ги загубија животите. Засега не е познато како ќе изгледа тој собир, но студенти од голем број градови во државата се упатуваат кон Нови Сад. Дел од нив веќе пешачат кон тој град во Војводина.
Студентите кои пешачат нагласуваат дека тоа се прошетки не само помеѓу два града туку - пат помеѓу неправдата и одговорноста, дека тие симболични чинови се апел до совеста, апел за солидарност и достоинство, јавија белградските медиуми.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој е во посета на Ташкент, синоќа изјави дека блокадерското движење паднало и дека ништо нема да се случи на 1 ноември, кога студентите во блокадата најавија собир во Нови Сад.
Во Ташкент, за време на неговата официјална посета на Узбекистан, Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што планираат блокадерите в сабота, рече дека никој не треба да се грижи за тоа што се случи во тој ден.
„Ништо, никогаш нема да се случи. Воопшто не грижете се. Ви кажав одамна, никогаш нема да се случи. Навистина се обидувам на татковски начин да им кажам што се случува. Ве молам, луѓе, прочитајте го истражувањето. Не она што го измислувате, прочитајте го она што е навистина единствено релевантно во Србија и ќе разберете каде сте паднале, колку далеку сте паднале“, рече Вучиќ кога беше замолен да ги коментира наводите на еден хрватски медиум дека в сабота Србија да се „разгори“ и изјавите на одредени блокадери дека тоа им била „последна шанса“.
Српскиот премиер Ѓуро Мацут вчера изјави дека на годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, граѓаните треба да покажат единство и подготвеност за надминување на поделбите. Во изјава за РТС тој рече дека 1 ноември не е само датум во календарот и дека на тој ден треба да се покаже достоинство и мир.
Според него, државата ќе се стреми да обезбеди ред на улиците и чувство на безбедност за сите граѓани.
„Не смееме да бидеме пасивни кога гледаме уривања, напади врз имот и објекти. Тоа би бил знак на слабост на државата...приоритет на државното раководство е Србија да продолжи да се развива и да се движи напред“, рече Ѓуро Мацут.
Јавното претпријатие „Патишта на Србија“, кое го водат кадри на Српската напредна странка, вчера соопшти промени во режимот на сообраќај од 29 октомври до 10 ноември поради, како што е наведено, „санација на патишта“.
Списокот на патишта во Србија покажува дека поради „работи за санација“ делови од автопатот А1 што се протега од север кон југ во државата, односно на деловите што водат до или од Нови Сад, ќе бидат затворени во најголема мера; Белград-Нови Сад, Белград-Чачак-Ниш, Шид-Нови Сад.
MИА
Ново на Сител
-

Синер за неговите шанси да ја заврши годината како играч број еден во светот: Невозможно е
-

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Русопулос в понеделник ќе се обрати пред пратениците
-

ЈП Паркинзи на Општина Центар со нови информативни табли и можност за плаќање со QR-код
-

Кумановка измамена за 2.000 евра од вработен во туристичка агенција
-

Прегазено 11-годишно девојче во Скопје, возачот го напуштил местото на настанот
-

Израел му забранува на Црвениот крст пристап до палестинските затвореници
-

37-годишник од Виница нападнал полициски службеник
-

Речиси 27.000 домаќинства во Одеса останаа без струја по руски напад
