Ванс: Примирјето меѓу Израел и Хамас се почитува и покрај судирите во Газа

Примирјето меѓу Израел и исламистичката група Хамас останува на сила и покрај обновените размени на оган во Појасот Газа, изјави синоќа американскиот потпретседател Џ.Д. Ванс, јави ДПА.
„Примирјето се почитува. Тоа не значи дека нема да има мали престрелки тука и таму“, рече Ванс цитиран од американските медиуми.
Израелската влада соопшти дека извршила воздушни напади во Газа како одговор на нападот врз израелските војници, додека Хамас негираше одговорност. Тврдењата не можеа независно да се потврдат, пренесе ДПА.
„Волстрит џурнал“ цитираше американски функционер кој рече дека Вашингтон бил информиран однапред за израелските напади и очекувал целни напади. Израел нема намера да го загрози примирјето, додаде функционерот.
Ванс изјави за американската телевизија Ен-Би-Си дека војник на израелската армија бил нападнат од Хамас или друг актер во Газа. Иако очекувал Израел да одговори, тој сепак верувал дека мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп ќе се почитува.
Откако примирјето стапи на сила на 10 октомври, смртоносните инциденти продолжија. Според здравствените власти во Газа, управувани од Хамас, за ова време се убиени повеќе од 90 Палестинци.
Пред околу една недела, двајца израелски војници беа убиени во напад со ракетни гранати. Израел, исто така, го обвини Хамас за одложување на предавањето на телата на убиените заложници, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
