Македонија
28. October 2025 - 10:54

Приведен 42-годишен битолчанец, управувал возило со 2,99 промили алкохол во крвта

На 27.10.2025 во 21:13 часот на ул.Солунска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Л.(42) од Битола.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило фолксваген пасат” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Л. при што е констатирано дека возилото го управувал со 2,99 промили алкохол во организмот.