-->
-->
Скопјанец во „ауди“ го возел пиштолот на својот татко, останал без него кога паркирал
-->

Вчера околу 19,19 часот во Скопје на бул.„Борис Трајковски“ од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба во патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистерски ознаки сопственост на К.С. (24) од с.Сопиште-Скопје.
Сторителот со употреба на погоден предмет го искршил задното десно стакло од возилото, ја протнал раката и одзел една црна ташничка во која имало документи и еден пиштол „Црвена Застава“ калибар 9мм, со две рамки и 18 куршуми калибар 9мм сопственост на неговиот татко кој го поседувал со дозвола и го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 30,000
денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку шест лица загинаа во пожар во магацин за парфеми во Турција
-

Приведено едно лице од гостиварско, пронајдена дрога
-

Зеленски: Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети
-

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти
-

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка
-

Трамп: Ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка
-

Почина нобеловецот Вотсон, еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
-

Кривично ќе се гонат четири лица за организирање борби со кучиња
